Османи: Критиките на т.н. „Огнената група“ се неформални и неверодостојни за коментар

t

Османи смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“, односно дека постојат институции, како што е Европската Комисија, која е задолжена за давање најобјективна проценка.

Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, истакна дека секоја критика која не доаѓа од институциите кои се задолжени за објективна проценка на работата на функционерите во државава, е со доза на субјективизам.

– Единствено Европската комисија прави проценка согласно одредени параметри и јас навистина се гордеам со Министерството за надворешни работи во 2022 година, бидејќи единствено надворешната политика ја доби најдобрата оценка, многу добар прогрес односно многу добро унапредување во постигнувањето на целите. Меѓутоа се разбира постојат органи во рамките на државата и во рамките на партиите од кои доаѓаме, така што не би коментирал неформални оценки од кого било. Кога ќе имаме време да работиме ако почнеме да коментираме секакви неформални коментари по однос на нашата работа, додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс предупредува: Периодот пред нас ќе…

Бил Гејтс предупредува дека општествата не се…

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на…

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски,…

Скапата енергија затвора три хемиски погони во…

Хемиската компанија „Инеос“ соопшти дека ја прекинува…

Молдавија прогласи 60-дневна вонредна состојба поради недостиг…

Молдавскиот парламент изгласа 60-дневна вонредна состојба во…

ССМ ќе бара минимална плата од 800…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најавува…