2022 ја завршивме со инфлација од 14,2 %

t

Македонија 2022та ја завршува со висока инфлација од 14,2%. Последниот месец од годината пак трошоците за живот пораснале за 18,8%, во споредба со истиот месец во 2021та.

Според статистика цената на лебот за само една година се зголемила за 40%. Потоа, најголем раст имале и млекото, маслото, месото, овошјето и зеленчукот. Енормно зголемување во декември имало и кај цените за авионски превоз од дури над 80%, туристичките аранжмани за близу 10%, како и водата, ѓубретарината…

Инфлацијата го стигна пикот во октомври лани со рекордни близу 20 отсто. Последните два месеци од годината има благо намалување, сепак високите цени за граѓаните и понатаму се проблем во секојдневието.

Економистите велат дека очекувањата – цените да се стабилизираат на крајот од минатата година, не се оствариле. Проценките се дека инфлацијата сепак ќе се намалува од месец во месец, и кон крајот на годината ќе биде едноцифрена…

„Ние влегуваме со двоцифрена инфлација и во 2023та, што значи сите очекувања, сите анализи кои се прават во моментот или кои се за очекување, е дека едноцифрена инфлација би имале дури во вториот квартал, некоја инфлација од 8, 9%. А крајот на 2023та, би имале некоја инфлација до кај 6 или 7%.“ изјави за Канал 5 Абил Бауш, економист

Според најновите пресемтки на Синдикатот, за едно 4 члено семејство за да го помине декмеври му биле потребни 51.200 денари..

Откако фирмите добија субвенционира цена на струјата, храната почна да поевтинува, но драстични намалувања сепак нема. Производителите позначајни намалувања најавија до крајот на месецов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…

Кумановец условно осуден за веење на знаме…

Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово добил условна…

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…

АНБ ја следи одлука на Египет да…

Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена…

Започна откупот на годинешната реколта по цена…