Објавено на:

Земале пример од Македонија: Бразилските власти ги прогласија демонстрантите кои упаднаа во Парламентот за терористи

t

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денеска го оценија како „терористички чин” упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.

Тие во заедничка изјава наведоа дека ќе ја бранат демократијата.

„Владата, гарант на демократијата и Уставот од 1988 година, ги отфрла актите на тероризам, вандализам на криминалците и пучистите, што се случија вчера во Бразилија„, се вели во заедничката изјава.

Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро вчера упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд.

Демонстрантите протестираа против враќањето на власт на левичарскиот претседател, кој го победи Болсонаро во вториот круг од 30 октомври.

Бразилските безбедносни сили уапсија околу 1.200 луѓе поради упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Конгресот, Врховниот суд и во претседателската палата во Бразилија, јавува Би-би-си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово забрани увоз на пилешко месо од…

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово…

Бразилски тинејџер почина откако си вбризга течност…

14-годишно момче во Бразил трагично почина откако…

Најстарата жена на светот е од Бразил,…

Калуѓерка од Бразил, Ина Канабаро Лукас стана најстарата жива…

(Видео) Познат бразилски бизнисмен убиен на аеродром,…

Бразилски бизнисмен е убиен, а три лица…

(Видео) Бразилски политичари удри се маваа со…

Еден од кандидатите за градоначалник на Сао…