Најде кој да кажува: Македонците да можат ќе го присвојат и Роналдо, вели бугарски фудбалер
Бугарскиот напаѓач Кирил Десподов во интервју за бугарската телевизија „БТВ“ говореше на повеќе теми, меѓу нив и натпреварот против Македонија од Лигата на нациите. Кажа дека неговиот најважен гол во дресот со државниот грб е против нашиот национален тим.
Истовремено, тој се сврте и кон написите во медиумите дека потекнува од македонско семејство затоа што е од градот Кресна, место близу Македонија.
„Еден од најважните голови ми е против Македонија. Ме допре што ни ја исвиркаа химната, ама затоа ги победивме. Македонците ја победија Македонија? Ако ги прашаш Македонците, ќе си го присвојат и Роналдо. Тоа што сум од Кресна, место кое е близу Македонија и го нарекуваат македонскиот крај…не значи дека сум Македонец. На мојот пасош стои бело-зелено-црвено“, изјави напаѓачот.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…