(Вознемирувачко видео) Маж во Струга утрово убил десетици домашни и маалски миленици, алармира Анима мунди

t

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга, вака реагираш денеска здружението за заштита на животните, Анима мунди.

Од здружението излегоа со тврдење дека маж утрово одлучил да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга.

-И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство. Го прашуваме Министерство за внатрешни работи дали овој случај, еден од стотици досега видени ке ја добие правдата – велат активистите.

-Дали Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ке се разбуди од зимскиот сон и празничното расположение и ке ги заштити овие животни како што впрочем и пропишува законот во нивна надлежност – се додава во нивното соопштение.

Тие апелираат до надлежните институции веднаш да ги превземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за, како што велат, ова масовно убиство!

Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето – реагираат активистите за заштита на животните.

Проблемот со нападите од кучиња скитници на струшкото подрачје зазема загрижувачки размери. Последните податоци од полицијата за ваквите случаи ја потврдуваат алармантноста на ситуацијата и потребата да се преземат дополнителни мерки.

Стружани не се чувствуваат безбедно низ улиците и парковите, но овој проблем не е само во Струга туку на ниво на целата држава.

Токму ваков немил настан се случи денес во Струга во непосредна близина до градскиот пазар, а крвта на тротоарите говореше токму за овој настан, откако глутница улични кучиња нападнаа жена.

Ова повеќе не се трпи, каде се сега тие од Анима Мунди да не спасат. Страв ни е на улица да пуштиме мало дете да не биде удавено, велат очевидци за Шило магазин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…

Кумановец условно осуден за веење на знаме…

Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово добил условна…

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…

АНБ ја следи одлука на Египет да…

Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена…

Започна откупот на годинешната реколта по цена…

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…