Германската МНР ненајавено го посети Харков: Градот е симбол на апсолутното лудило на руската војна

t

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, во североисточниот дел на Украина.

Тоа е прва посета на висок функционер од една западна земја на тој град во близина на руската граница, соопшти германскoтo Министерството за надворешни работи.

Бербок пристигна во Харков на покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. Таа рече дека украинското население може да смета на солидарноста и поддршката од Германија.

„Овој град е симбол на апсолутното лудило на руската агресивна војна во Украина и бескрајното страдање со кое луѓето, особено овде на истокот на земјата, секојдневно се соочуваат, рече Бербок.

Од безбедносни причини, нејзината посета била обелоденета додека таа била во возот кој се враќал од Украина за Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…