Тиранска средба за европскиот пат и измените на Уставот

t

Пријателска, братска и празнична средба без заклучоци, скриени платформи и пораки со заложба дека добро би било Македонија и Албанија заеднички да го продолжат патот кон ЕУ, што подразбира уставни измени кај нас за влез на Бугарите во Уставот и дека ЕУ агендата е приоритет над приоритетите на сите партии на Албанците во земјава без оглед дали се власт или опозиција. Ова според брифинзи на партиите, но и според официјалните изјави било тема на средбата во Тирана под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на партиите на Албанците од Македонија Али Ахметина ДУИ, Арбен Таравари на Алијанса за Албанците, Африм Гаши на Алтернатива и Мендух Тачи на ДПА. На средбата не присуствуваше Билал Касами од Беса и според информациите од учесници на вечерата, никој од присутните не зборувал за отсуството на Касами.

Европскиот пат – обединувачки за Албанците
„Во суштина немаше ништо посебно, никаков договор, никакви обврски. Опис на политичката состојба, кога би се нафатиле за уставните измени, да имаме меѓусебна комуникација за европскиот курс на државата, повеќе личеше на средба за релаксирање на нашите меѓусебни односи, велат дел од учесниците на средбата.

Според брифинзите, лидерите на партиите на Албанците го отвориле прашањето за замена на формулацијата „20 отсто“ со „албански јазик“ при отворањето на Уставот, но сите биле единствени дека „не треба да има уценувачки однос“.

Од партиите брифираат дека на средбата со Рама не станало збор за евентуален влез на Алијанса за Албанците во контекст на постабилна Влада за ЕУ агендата, но меѓу редови дел од учесниците на состанокот пораката за постабилна Влада ја читаат во контекст на нејзино засилување со Алијанса.

Пораката на Рама пак била дека добро е двете земји заедно да го продолжат патот кон ЕУ.

На вечерата било констатирано дека партиите на Албанците од Македонија без оглед дали се власт или опозиција се единствени за ЕУ агендата. Заклучиле и дека повремено треба да има вакви средби.

И официјалните изјави на дел од лидерите по средбата со Рама се во контекст дека за партиите на Албанците приоритет е европскиот пат и дека ќе поддржат уставни измени за Македонија во ноември да ги продолжи преговорите со ЕУ.

Рама не даде изјава по средбата само постираше фотографија од неформалната вечера во владината вила во Тирана.

„На здравје! Добра година за Албанците каде и да се #Албанско братство #AlbanianBrotherhood, е текстот на Рама во објавата што ја придружува фотографијата на која присутните уживаат со вино.

Со Рама беа и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија Таулант Бала и генералниот секретар на партијата Дамијан Ѓикнури.

Ахмети дециден: Без Албанци нема Македонија
Таравари на новинарско прашање потврди дека „меѓу другото е разговарано и за уставните измени”.

„Да, меѓу другото разговаравме и за уставните измени. Познато е дека нема ниту еден лидер на албанска политичка партија во Македонија кој не ги поддржува уставните измени, со единствена цел во ноември да почнат реалните преговори со ЕУ, рече Таравари.

Според него, ја анализирале и општата состојба во Северна Македонија, Албанија и регионот, руската инвазија врз Украина, економската ситуација и заедничката иднина на Скопје и Тирана во правец на ЕУ, со став „како земји членки на НАТО заедно да го продолжат патот до ЕУ”.

Тој не сакаше да го коментира неприсуството на Движењето БЕСА, велејќи дека тоа е одлука на партијата. Таравари рече дека во Тирана, пристигнал од Приштина, каде што имал средби со косовската претседателка Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти, со спикерот на парламентот и со лидери на политички партии.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, кој на средбата со Рама во Тирана пристигна во придружба на првиот вицепремиер Артан Груби, рече дека во пријателските и братски разговори ќе се разгледаат сите теми.

Ахемети оцени дека вечерата била во братски дух, а разговорите во позитивен дух. Ахмети рече дека оценката е оти иднината бездруго е во ЕУ, а дека на тој пат има сериозни предизвици и дека не очекува една многу тешка фаза. Тој потенцира дека на евроинтеграцискиот пат е многу важно да се направат уставни измени, оценувајќи дека тоа нема да му штети на македонскиот народ, туку напротив, Лидерот на ДУИ рече дека ја потенцирал опасноста од заминувањето на младите од Македонија, што како што нагласи, е проблем и на Албанија. Според него, стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на ЕУ, со цел и во таа насока да се намалат ризиците од намалување на бројот на млади, стручни и способни луѓе. На новинарско прашање а пропо информациите дека се пидготвува влада без ДУИ и без Албански партии, Ахмети децидно одговори;

„Без Албанци нема Македонија”

И Тачи изјави дека не разговарале за ништо конкретно, освен за заедничката иднина на двете земји во Европската унија.

„Братска средба, си посакавме една на друга и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно. Ви благодарам! Среќно!, рече Тачи.

Отсуството од средбата на Касами го коментираше само лидерот на ДУИ Ахмети. Според него, Беса со одбивањето да учествува на средбата покажала политичка незрелост. Касами пак, преку Фејсбик му порача на Ахмети дека „два пати со пета Беса ја порази ДУИ на избори” и дека ДУИ ја очекува уште еден пораз.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…

Жена од Тетово се здобила со тешки…

Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…

Авион МиГ 29 на српската армија од…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…

Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…