Црната листа на САД за наши функционери не била тема на средбата помеѓу Ковачевски и Шоле
Листата за санкции или т.н. црна листа не била тема на средбата што премиерот Димитар Ковачевски утрово ја имаше во Владата со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, кој денеска од Скопје ја започна посетата на регионот.
Како што рече премиерот, со Шоле разговарале за енергетската безбедност, справувањето со економската криза, претседавањето со ОБСЕ, евроинтеграциите и борбата со корупцијата и владеењето на правото.
По новинарско прашање во врска со црната листа на САД за наши функционери, Ковачевски појасни дека тоа е активност што САД ја спроведуваат во рамки на нивната Стратегија за борба против корупцијата објавена од страна на американскиот претседател, во која се точно наведени активностите коишто се преземаат како во САД така и во држави коишто се нивни партнери, како што е и Македонија.
„Ние сме земја партнер на САД и таа црна листа, односно листа за санкции е насочена токму кон лица коишто работат спротивно на практиките на добро владеење, меѓутоа и коишто го попречуваат патот кон целосно демократско општество во државите партнери на САД, а кај нас се однесува на интеграција во ЕУ, владеењето на правото и целосното владеење на демократијата во државата. Американските истражители беа во државава, меѓутоа нивната работа предвид ја имаат американските органи со коишто ние сме практично во партнерски односи и со кои имаме стратешки дијалог“, подвлече Ковачевски.
Американскиот тим за санкции во земјава пристигна на почетокот на декември 2022 година и престојуваше неколку дена.
Во своите претходни изјави, Ковачевски кажа дека немал средба со нив, а не ја исклучи можноста црната листа да биде дополнета со имиња на актуелни функционери.
Такво нешто најави и претседателот Стево Пендаровски кој во интервју во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ рече откри дека тимот се состоел од тројца дипломати од Стејт департментот.
„Знам само неколку работи бидејќи не можам и не треба повеќе да изнесувам. Стануваше збор за тројца дипломати во Стејт департмент кои беа тука во мисија на собирање информации што се случува на политичката сцена, во бизнис сферата и во правосудството. Во виталните сектори на општеството. Од аспект на тоа утре, задутре, да ја дополнат таа т.н. црна листа или како се нарекува официјално лица и ентитети кои се под санкции на Америка“, рече Пендаровски во интервјуто емитувано на 22 декември 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…
Жена од Тетово се здобила со тешки…
Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…
Авион МиГ 29 на српската армија од…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…
Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…