Куновска: Се покажавме жртва на сопствената наивност! Ги тимаревме предавниците, како ретардирани се препуштивме да размислуваат наместо нас забегани политиканти

t

Може ли нашето тврдокорно манифестирано и само на нас својствено непромислено однесување, до степен на недоветност, да се поистовети со детската од Бога дарена наивност? Никако! Народната мудрост „дур да му речеш гаго, речи му аго“, во никој случај не ја ублажува глупоста. Само моментално, со лицемерно преименување, ја заташкува.

Не сакајќи за нас Македонците да речам дека сме глупави, во насловот, како замена, во прашална форма го употребив зборот – наивни, со што не ја избегнав вистината, а тоа е дека како народ се покажавме жртва на сопствената недоветност. И тоа повеќе пати. Од негрижа, си ја приредивме и најсуровата самоубиствена пресметка со себе, а тоа е – прифаќање на геноцид над самите себе. Кој е во тек, пишува Јагнула Куновска во колумна за Плусинфо.

Јагурина народ

Македонците, како Божја творба, денес, од библискиот небесен вознес, сами се лизнавме на рамништето – Јагурина народ.

Гроздов плод, на кој во развојот му се случил засек во коренот со застој во дотокот на појот, паради што со оскуден животен сок од земјата се поел, па недозреан, засушено згрчен, окачен останал да виси на пенушката, осамен додека исчезнува во свирежот на зимскиот ветер и колвежот на грабливците.

Зошто се послужив со така болна споредба, но реална?

Затоа што чувствувам несносен душевен вриеж до болка, пропратен со самопрекор, наплив на вина пред идните генерации Македонци, како и срам пред плејадата наши предци, кои со завештение ни ја предадоа земјата со име Македонија, творба на Македонците.

Од безбожници доживеав да ми биде оспорено моето егзистенцијално право и да дочекам по втор пат да се најдам исправена пред сопствениот прогон од татковината која ја снемува, разграбувана од осојузени внатрешни и надворешни грабливци, кои никогаш не се помирија што на овој свет постои и опстојува една грутка од Александровата света земја, со име Македонија и во неа челад Македонци. Јас припаѓам на таа земја и тој род, и нека никој не се осуди да ми рече да молчам чекајќи го наредното – мојот гроб да ми биде израмнет, исто како што се израмнети гробовите на моите предци во родната Егејска Македонија.

Како народ, на сопствена штета си направивме засек во нашиот развоен пат, со толерирање, со тимарење на предавниците и странските наредбодавци, кое значи прифаќање на геноцидните политички интереси на поширокиот Западен криминален блок.

Како ретардирани се препуштивме да размислуваат наместо нас, случајни, згора на тоа и забегани политиканти од Западот и од нив дома главените јаничари, и непријателски декларирани сограѓани Албанци кои отворено се осојузија со Бугарите, форсирајќи ја поделбата на Македонија и реализација на проектот на Г. Албанија. Тие, исфрлајќи нѐ нас од нивните мисли во кои грамежливо се окупирани исклучиво само со себе, ни ја предочија вистинита дека Македонците, со лефтерни отстапки, послушност и со трагични пропуштени преземања до рамниште на самопредавство, свесно се бришеме – исчезнуваме од картата на држави и народи.

Целата колумна на Јагнула Куновска прочитајте ја тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…

Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…

Дијана Хрка: Очекувам да се утврди одговорност…

Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој…

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…