Остри критики од заменик шефот на мисијата на САД во Македонија: Нема вистинска борба против корупцијата!

t

Заменик шефот на мисијата на САД во Македонија, Ерик Мејер денеска упати остри критики за недоволната борба со корупцијата во земјава.

Мејер рече дека сите политичари кои се корумпирани треба да одговараат и дека американската влада има алатки за да го направи тоа.

„Амбасадата на САД беше искрена и отворена во врска со предизвиците и недостатоците, има многу такви во оваа земја. Странските амбасади не се домашни власти и ние не сме органи за спроведување на законот. Ние ќе направиме се што е можно за корумпираните актери да одговараат“, додадеМејер.

„Институциите и судството мора да функционираат независно и транспарентно а засега тоа не го прават. Се работи за нешто подлабоко, јас тука зборувам за вистински реформи кои што одат подалеку од едноставна промена на закони. Вистинските реформи значат промена на културата. Треба да почне да се работи во име на граѓаните на Македонија. Ние немаме видено некаква таква вистинска искрена заложба“, нагласи тој.

ЛИНК од објавата на американската амбасада во Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…