Објавено на:

Кој арапски, кој шпански: Секој петти Американец дома не зборува на англиски

t

Речиси 68 милиони луѓе кои живеат во САД, или речиси секој петти граѓанин, зборуваат јазик различен од англискиот дома, додека во 1980 година таа бројка изнесувала 23 милиони, објави Гласот на Америка (VOA).

Арапскиот, велат тие, е еден од петте најзборувани јазици во Соединетите држави.

„Тоа ни кажува дека Америка е разновидна земја. Добро е што не се зборува само англиски, бидејќи тука има многу имигранти“, рече Дина Арид, мајка на три деца од Калифорнија, која исто така зборува арапски дома.

Вториот најпопуларен јазик е шпанскиот, кој го зборуваат повеќе од 41 милион луѓе.

Други јазици кои припаѓаат на групата најзастапена во САД се кинескиот, филипинскиот и виетнамскиот.

Исто така, се наведува дека бројот на луѓе кои дома зборуваат само англиски исто така е зголемен за околу 25 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…