Најнова вест: Полицаецот ранет во грабнувањето на затвореник пренесен на КАРИЛ!

t

Полицаецот кој беше ранет при филмското грабнување на затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово е пренесен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, дознава Инфомакс.

Според нашите информации повредата на полицаецот сепак била потешка, покрај повредата во нога во него било пукано и во бешиката.

Најверојатно во затворското комбе имало борба.

Кратко после полноќ денеска беше грабнат затвореник кој во затворот во Идризово отслужувал казна затвор во висина од 20 години поради убиство.

Според нашите информации станува збор за лице со иницијали М.Б од Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…

При претрес на затвореник во Идризово најдена…

Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека…

Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден заврши…

Еден затвореник е повреден во тепачка со…

Стразбур донесе одлука во корист на затвореник…

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и…