СДСМ: Лелекањата на Мицкоски за избори станаа несериозни, карневалски – oчигледно е голем притисокот за неговата фотелја

t

„Несериозни, карневалски станаа лелекањата на Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори.“, велат од СДСМ.

„Очигледно дека голем е притисокот врз фотелјата на Мицкоски па затоа мора секојдневно да повторува едно те исто. Мицкоски освен фотелја ништо не го интересира. Ниту пак зборува за нешто друго, најмалку за потребите на граѓаните.

Добро е што Мицкоски признава дека Владата одлично ја менаџира кризата, дека се справува со глобалните предизциви и дека им помага на граѓаните и компаниите со што го заштити стандардот и ја спаси македонската економија.

Предвремени парламентарни избори нема да има и тоа прашање е апсолвирано. Парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин, во 2024 година и на тие избори Мицкоски ќе доживее уште еден пораз.“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…

Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Мелбурн се извини откако го забрани старото…

Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…

(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…

Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…