Според Курти Србија е извор на сите проблеми на Балканот: Ги смета за свои Косово, Црна Гора, Босна…
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за австриски весник рече дека Србија е причина број еден за сите проблеми на Балканот, oбјави Кликс.
Тој тврди дека Србија е под големо руско влијание и дека Белград ги смета Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово само за привремени држави.
„Путин зборува за Косово секоја недела. Тој е опседнат со Косово. Тој мисли дека Ирак и Авганистан биле неуспеси и мрази дека Косово е успешна приказна на НАТО“, изјави Курти за виенскиот весник.
„Србија ја игра улогата на Русија на Балканот. Таа ја гледа Република Српска на сличен начин како што Русија ја гледа својата соседна Белорусија, односно како регион под нејзина контрола“, посочил Курти, додавајќи дека Србија со години е руска покраина и дека неутралноста на Србија е само измислена
Курти изјавил дека регионалното седиште на рускиот медиум „Спутник“ се наоѓа во Белград, а 56 отсто од српската нафтена компанија е во сопственост на „Газпром“, како и 51 отсто од најголемото складиште за гас, пишува „Кликс“.
Косовскиот премиер потсетил дека Србија не воведе санкции кон Русија и не ја осуди војната против Украина. Курти наведува дека Српската православна црква не е солидарна со Украинската православна црква, туку само со онаа во Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…