Стефан кој беше застрелан на Божиќ излезе од болница: Семејството сè уште во шок од настанот

t

Стефан Стојановиќ, 11-годишното момче кое беше рането на Божиќ недалеку од Штрпце, денес е пуштено на домашно лекување од болницата во Грачаница, а со скандирања и прегратки го дочекаа пријателите од училиштето и од соседството.

Босиљка Стојановиќ, бабата на Стефан, им се заблагодари на сите за помошта и низ солзи рече дека е благодарна на Бога што нејзиниот внук е жив, пишува Косово онлајн.

„Благодарни сме на Бога што детето остана живо и на сите добри луѓе кои не посетија и ни помогнаа и поддржаа. Благодарни сме што е жив и што дојде дома“, изјави Босиљка. Теодора Љубисављевиќ, сестрата на Стефан, изјавила дека Стефан им ја вратил насмевката кога дошол дома.

„Моето семејство, јас, како и сите најблиски до мене бевме многу исплашени и во шок поради сè што се случи. Можеби не дадовме ниту соодветни изјави, бидејќи ниту една слика или збор не може да ги објасни нашите чувства, колку бевме тажни и потресени. Со денови имаме измешани чувства од среќа до тага, но ние сме благодарни што Стефан е жив и здрав и што се врати дома. Ни ја врати насмевката на лицата, иако сè уште сме во шок поради целата ситуација, бидејќи не го прославивме највеселиот празник како што треба“, изјави Теодора.

На Божиќ беше ранет во рака и Милош Стојановиќ, кој пред неколку дена беше пуштен на домашно лекување. Како што рече Милош, тој денес бил на лекарски преглед во Грачаница.

„Фала богу повредата е добра, раката е во ред. И Стефан денес е пуштен од болница. Се надевам дека што поскоро ќе закрепнеме и ќе се вратиме во нормалниот живот“, изјави Милош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…