Зеленски: Продолжува тешката битка за Донбас, ќе му нанесеме огромни штети на непријателот
Тешката битка за Донбас продолжува, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува Интерфакс.
„Битката за Бахмут и Соледар, за Кремина, за другите градови и села на истокот од земјата продолжува. Иако непријателот ги концентрираше најголемите сили во оваа насока, нашите војници – вооружените сили на Украина, сите одбранбени и безбедносни сили – ја штитат земјата“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.
Тој се заблагодари на „секој војник, наредник и командант на бригадата и другите армиски единици кои храбро и непоколебливо ги извршуваат поставените задачи“.
„Благодарност до борците на единицата „Кракен“ за решителните акции за уништување на непријателот во областа Соледар. Им благодариме на војниците на Меѓународната легија на главната разузнавачка служба на Министерството за одбрана и на единицата „Шаман“, кои храбро го бранат Бахмут“, рече Зеленски.
Според неговите зборови, во Русија „веќе се расправаат меѓу себе кому да му припишат некаков тактички напредок“.
„Ова е јасен знак за неуспех за непријателот и уште еден поттик за сите нас да извршиме поголем притисок врз окупаторите и да му нанесеме големи загуби на непријателот“, рече Зеленски.
Претседателот на Украина посебно ги спомена вработените во Надворешната разузнавачка служба на Украина.
„Оние кои работат обично се целосно незабележани и малку се зборува за нив. Но, тие навистина носат многу тешки одлуки за Украина, за нашите бранители“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој се заблагодари на целиот персонал на Службата за безбедност на Украина, чии резултати во тепачката, како што оцени, особено против соработниците и саботери се видливи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…