Албанска министерка: Изјавата на британскиот амбасадор кој ги нарече Албанците криминалци е вербален линч!
Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, реагираше на изјавата на британскиот министер за емиграција, Роберт Џенрик, кој изјавил дека „Албанците-криминалци треба да се истераат од Обединетото Кралство”.
Во својата реакција објавена на социјалните мрежи таа оценува дека е „срамно раздвојување на заедница од министер со демократски принципи што враќа страшни спомени со неподнослива бруталност.
Вербален линч на цела нација на јазик кој звучи како министерот да ја најавува отворената сезона за Албанците само неколку недели по заедничкото коминике меѓу премиерот на Република Албанија и тој на Велика Британија, каде што тие позитивно ја оценија улогата на албанската дијаспора во Британија и нејзиниот важен придонес за културата, економијата и општеството на двете земји. Срамно раздвојување на заедница од министер со демократски принципи што враќа страшни спомени со неподнослива бруталност, пишува Џачка.
Претходно, на крајот на октомври, лани, министерката за внатрешни работи, Суела Браверман Албанците кои илегално одат во Велика Британија ги опишала како криминалци, велејќи дека ја окупираат земјата, на што остро реагираше премерот Еди Рама.
Тој ја нападна владата на Велика Британија, велејќи дека Лондон мора да престане да ги обвинува Албанците за сопствените „неуспеси во политиката”, наведувајќи дека 70 отсто од 140.000 Албанци кои живеат во Велика Британија се интегрирани во тамошното општество.
Веднаш следуваше реакција од кабинетот на премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, во кое стоеше дека Британија останува посветена на борбата против трговијата со луѓе и дека има силни односи со Албанија.
Инаку, минатата година од над 45 илјади лица кои илегално со моторни чамци преку каналот влегле на британска територија, најмалку 13 илјади биле албански државјани
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
(Видео) Историска снимка од првата средба на…
Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…
СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…
Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…
Ваљон Бела и Бекир Халими се прогласени…
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи…
Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…