Француски суд нареди отстранување на статуа на Богородица од мало гратче: Го кршела принципот на одвоеност на црквата од државата
Според наредбата на судот во Поатје, надлежните општински власти во малото гратче Ла Флот на француското крајбрежје ќе треба да ја отстранат статуата на Богородица од една од крстосниците, бидејќи нејзиното присуство го нарушува принципот на одвојување на црквата од државата.
17 здруженија кои се залагаат за одбрана на секуларното право на државата побараа отстранување на статуата на Пресвета Богородица од центарот на градот со 2.800 жители. Во својата петиција тие се повикаа на францускиот закон од 1905 година кој забранува верски споменици на јавен простор.
Градоначалникот на Ла Флоте, Жан Пол Херод, целиот процес го нарече „смешен“ бидејќи, како што вели, оваа статуа е дел од историското наследство на градот и повеќе е спомен отколку религиозно обележје, пренесува Франс прес.
Во соопштението на одлуката се вели дека судот го прифатил образложението на локалните власти дека со поставувањето на статуата немале намера да изразат никаква верска наклонетост, но сепак зазел став дека „Богородица е важна личност во Христијанството, кое ѝ дава инхерентно религиозен карактер“.
Контроверзниот споменик на популарниот туристички остров Ре го постави локално семејство по ослободувањето во знак на благодарност што таткото и синот се вратија живи од Втората светска војна. Скулптурата на Пресвета Богородица првично се наоѓала во градината на нивната приватна куќа. Неколку децении подоцна, тие ја донираа на градот, а во 1983 година, властите ја поставија скулптурата на една раскрсница.
Пред три години автомобил го оштети ова верско обележје во сообраќајна несреќа. По реставрацијата, на истото место е вратена статуата на Пресвета Богородица, но овојпат е поставена на подигнат постамент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…