Каракамишева: Наместо да играат византиски игри, историчарите од мешовитата комисија да кажат со што Бугарите заслужиле да влезат во Уставот
Наместо да играат византиски игри, членовите на мешовитата македонско-бугарска комисија нека кажат со што Бугарите заслужиле да влезат во Уставот, пишува на Фејсбук професорката по уставно право, Тања Каракамишева.
– Уставот на една земја го отсликува, го обликува нејзиниот национален и уставен идентитет.
Кој сегмент, кој етникум, ќе влезе во Уставот и во уставниот идентитет како конститутивен елемент не е прашање на политичка трговија или на политички рулет, туку е прашање на длабок и долг историски континуум на етникумот, негова вграденост во темелите на државноста на конкретната земја!
Македонските и Бугарските историчари во Комисијата наместо да играат Византиски игри треба да одговорат на прашањето дали и од кога Бугарите имаат свој длабок и долг позитивен историски континуум во градењето и оформувањето на македонската држава? – напиша Каракамишева на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…