Ахмети: Не сум нападнал медиуми, само ме иритира говорот дека Албанците ќе ја преземат Македонија – Оваа држава е заедничка и треба заедно да ја градиме

t

Не сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма. Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ Алфа од сограѓаните Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземаат државата, дека Македонија станува Албанија се до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи, изјави вечерва претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, коментирајќи ја вчерашната негова изјава од Гостивар што предизвика низа реакции од новинарските здруженија.

– Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ, рече Ахмети во вечерашната емисија „Клан дебата“ на Телевизија Клан.

Ахмети вели дека во ДУИ нема криза, туку внатрепартиска дебата. Потенцира дека со претставниците од т.н. „Огнена група“ нема програмски разлики, тукудека разликите се поради функции.

– Во ДУИ нема криза. Има внатрешна дебата, која никогаш не сум ја цензурирал, ниту сум користел автократски средства за да го угушам различното мислење во ДУИ, но не и да се дозволи анархија бидејќи анархијата е штетна за сите. Нема програмско незадоволство, нема незадоволство околу визијата, едноставно „зошто е тој, а не јас“, зошто да е Хасан, а не Хисен, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…