Сите станаа писатели: Џонсон ќе пишува книга за времето додека бил премиер
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија.
– Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави Арабела Пајк. директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс”.
Засега нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога книгата ќе биде објавена.
Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно…
Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја…