Минатата година запленети 2,4 тони дрога

t

Во емисијата „Само анализа“ на ТВ 24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето каква е состојбата со дрогата во државата и дали се прават акциски контроли по угостителски објекти, потенцираше дека контролите на МВР се секојдневни.

„Количините кои што се откриваа изминатиот период покажуваат дека откривачката дејност енормно е зголемнена. Пред 2,5 месеци имавме уништување на најголемо количество на дрога, околу 10 300 кг, дрога која беше запленета претходниот период. Така 2022 година можеме да ја оцениме како успешна во делот на сузбивањето на недозволената трговија. Имаме околу 2,4 тони запленета дрога во вредност од околу 6 милиони евра на црниот пазар, најголем дел марихуана, но секако и хероин, кокаин, амфетамини, хашиш и околу 20 тони најразлични прекурсори, најдолем дел од спречување на меѓународни транспорти. Секојдневно, секторите за внатрешни работи откриваат случаи на дистрибуција на дрога низ градовите. Во овој период сузбиени се 12 организирани кримналани групи со 51 член. Откриени се над 700 кривични дела, а пријавени се околу 800 сторители“, вели Спасовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентка со рак на бели дробови се…

Рак на белите дробови во 4-ти стадиум…

Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Центарот за управување со кризи информира дека…

Петровска кон Мицкоски: Среќна нова 1949 година!

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи…

Маск го повтори своето несогласување со законот…

Американскиот милијардер Илон Маск го повтори своето…

Трамп застана зад Нетанјаху за судењето: „Пуштете…

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата остро…