Ковачевски: Има шанси Алијанса за Албанците да влезе во Влада
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Алијанса за Албанците има изразено политичка волја која е за европскиот концепт на државата и дека постојат шанси да стане дел од Владата.
„Дали Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата, да, постојат шанси за тоа, исто како што кажаа и другите политички лидери, а дали ќе се случи тоа зависи од политички договор којшто секогаш има два аспекта – програмски и кадровски и додека не се случи тоа не можам со сигурност да кажам дека ќе има уште еден владин партнер. Сите кои сакаат да се приклучат кон концептот за европска Македонија сега е време за тоа“, изјави Ковачевски на новинарско прашање дали партијата предводена од Арбен Таравари ќе стане дел од власта.
За превирањата во ДУИ со „огнената група“ , Ковачевски потенцира дека не е доведено во прашање владиното мнозинство.
„Никој не го доведува во прашање владиното мнозинство, ниту пратениците. Станува забор за внатрепартиска дискусија којашто се одвива во одредени партии“, рече Ковачевски.
На прашањето дали изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети за европска алијанса е еднакви како концептот за европска Македонија, премиерот изјави дека СДСМ, ДУИ, Алтернатива и Алијанса се за концептот европска Македонија и дека сите кои се за европска Македонија вратите им се отворени.
„Доколку ги следевте моите јавни настапи и трибините на СДСМ тогаш ќе се сетите дека јас кажав дека во државата има два концепти, едниот за европска Македонија, а партиите кои го поддржуваат се СДСМ, ДУИ, Алтренатива и Алијанса за Албанците го поддржуваа концептот за пристапување и зачленув на Македонија во ЕУ. Од друга страна има концепт, зад кој стои Левица која е против НАТО и против ЕУ, што сметам дека е погрешен концепт. Тие не нудат алтернатива, уште полошо нудат евроазиска унија. Сите кои се за европска Македонија вратите се отворени и само тоа е патот за земјава, рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…