Албанската армија влегува во Косово: Ќе помагаат во поплавените подрачја

t

Војници и возила на албанските вооружени сили заминаа за Косово за да им помогнат на жители од поплавените подрачја.

Наши војници, со возила и соодветни апарати испративме за да ги поддржат жителите на некои општини во Косово, кои се многу сериозно погодени од поплавите, како последица од поројните дождови, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Во меѓувреме, од Министерството за одбрана соопштија дека во северниот град Кукс, во близина на албанско – косовската граница е распореден дополнителен контингент војници и возила кои „се подготвени да интервенираат во координација со косовските власти, во случај ситуацијата да се влоши”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…

Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…