Тензично во Србија: Вучиќ вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста по најавата за поднесување оставка!

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе и се обрати на јавноста во 20:00 часот од зградата на Претседателството. Според најавите, претходно тој ќе присуствува на седницата на Владата во 11 часот. Вучиќ синоќа имал средба со своите најблиски соработници во седиштето на СНС, а потоа, реагирајќи на несогласувањата во партијата, рекол дека е подготвен да се повлече од претседателската функција, извести првиот човек на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на покана на премиерката Ана Брнабиќ во 11 часот ќе присуствува на седницата на Владата на која ќе се разговара за Косово.

На седницата претседателот треба да ги информира членовите на владата за преговорите со високата западна делегација.

Претседателот ја опиша средбата со западната „петорка“ како еден од најтешките денови за Србија. Тој посочи дека „поради тоа што ја очекува Србија во иднина“, потребно е единство.

Вучиќ синоќа имал средба со најблиските соработници во седиштето на СНС. Според медиумите, на средбата имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ. Според информациите, претседателот Вучиќ одговорил на овие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води земјата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата.

Еден од лидерите на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, по средбата за ТВ Пинк изјави дека доколку претседателот Вучиќ остане на ставот да поднесе оставка, тоа е крај на Српската напредна странка и крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена.

После тоа, смета тој следува, нешто што, како што рече, е „најтемното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ни да го замисли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…