Одложено судењето за сообраќајката кај мостот „Гоце Делчев“: Адвокатот имал повжно судење

t

Пред девет месеци кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје беше прегазен Слободан Ангеловски кој почина.  Дури денес започна судењето против  возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“.

Сепак, судењето беше одложено поради сосема неразумна причина.

Имено, адвокатот на обвинетата не беше присутен бидејќи имал, како што кажа, поважно судење.

Иако со Филиповиќ беше дојден адвокат со полномошно кој со тоа може целосно да си го води случајот, тој побара одложување на судењето.

Судијката која го води случајот, Елена Илиевска Јосифовиќ, следното рочиште го закажа за 8-ми февруари во 11 часот. Притоа му посочи на адвокатот дека ова го дозволува само еднаш и дека на тоа рочиште мора да дојде подготвен адвокат, без разлика дали едниот има друго судење или како неговиот заменик, не е подготвен да ја брани клиентката.

Потсетуваме, Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која на 17-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…