Лавров: Русија беше пријател со Грција додека Атина не се потчини на американските барања
Русија беше пријател со Грција додека Атина не ги исполни „американските барања“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
„Забележавме трансформација во нејзиното раководство. Беше принудено или договорено да ги исполни американските барања. Ги донесовме нашите заклучоци за оние кои со задоволство ја поддржуваат агресијата против Русија“, изјави Лавров.
Со ова, рускиот министер за надворешни работи го изрази своето незадоволство, реагирајќи без преседан на ставот што Грција го зазеде во однос на руската војна во Украина, пишува Катимерини, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…
ФБИ со честитка до МВР за акцијата…
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ѝ честита…
Цената на гасот во Европа на највисоко…
Цените на природниот гас во Европа достигнаа…
По 19-ти пат маратонците тргнаа од Нова…
Тринаесет маратонци денеска во 17 часот тргнаа…