Џафери очекува уставните измени да се случат, процесот ќе почне најдоцна летово и ќе заврши до ноември!

t

На денешниот брифинг со новинари на претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери истакна дека уставните очекува уставните измени да се донесат во предвидениот рок, а процесот може да започне најдоцна во летниот период, односно јуни-јули, но секако би можело и порано.

– Роковите ги кажавме, искуствено минимумот е четири и пол месеци, ама може и да се скрати.

Најдоцна јуни/јули би требало да почне процесот за да се заврши процесот во ноември, јавната дебата би била во септември, таа оди откако ќе се утврди содржината на амандманот.

Значи имате предлог за почеток на измени, таа треба да чека 30 дена во Собранаието, да се донесе предлог-текст на амандмани, тој предлог-текст да помине, не може порано од 30 дена од добивање на текстот да се одржи седница.

Откако ќе се утврди текстот на амандманите тие одат на јавна расправа и се собираат можните реакии за амандмани на текстот на амандманите. Тоа е таа процедура која треба да заврши во ноември, истакна Џафери кој смета дека изборите не се излез за решние на оваа ситуација туку дополнителна компликација на истата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…