Објавено на:

Зеленски прави чистка на корумпирани кадри во Владата, администрацијата и војската

t

Заменик-јавниот обвинител на Украина Олексеј Симоненко беше сменет од функцијата како дел од кадровските промени на највисоките нивоа на власт во Украина, пренесе Ројтерс, цитиран од БТА. Во соопштението со кое се најавува неговата суспензија не се наведени причините за одлуката, но се вели дека тој си заминал „по своја слободна волја“.

Украинскиот заменик министер за одбрана, задолжен за снабдување на војниците со храна и опрема, поднесе оставка утринава, повикувајќи се на „корупциски наводи на медиумите“ за кои тој и Министерството изјавија дека се неосновани. Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за одбрана се вели дека оставката на Вјачеслав Шаповалов е „пристоен чин“ што ќе помогне да се одржи довербата во министерството.

Зеленски вчера изјави дека оваа недела ќе бидат објавени кадровски промени во владата, регионалните администрации и безбедносните сили, откако во медиумите се појавија наводи дека украински претставници незаконски се збогатиле за време на војната со Русија.

Кирило Тимошенко, заменик началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно денеска изјави дека вчера побарал да биде разрешен од должноста. Вкупно пет регионални гувернери се сменети поради сомневање за корупција. Тоа се Валентин Резниченко (регион Днепропетровск), Олександра Старуха (регион Запорожка), Олексиј Кулеба (регион Киев), Дмитро Живицки (регион Суми) и Јарослав Јанушевич (регион Керсон).

Разрешените заменици министри се за одбрана, социјална политика и двајца од подрачното министерство.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников – една од најистакнатите фигури во војната против Русија – исто така се најде на удар на домашниот фронт против корупцијата на високо ниво. Иако тој лично не го потпиша армискиот договор за снабдување со храна од 13 милијарди гривни (326 милиони евра), новинарите и набљудувачите велат дека тој ја сноси крајната одговорност откако јавно ја објави својата нулта толеранција за корупција. Резников ги нарече обвинувањата кампања за оцрнување, чија цел е да ја поткопа довербата на Министерството за одбрана и неговиот углед меѓу меѓународните партнери.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) извести дека заменик-министерот за општини, територии и развој на инфраструктурата Васил Ложински бил фатен како прима поткуп од 400.000 долари за да го олесни купувањето генератори на струја по надуени цени.

Дејвид Арахамија, шеф на фракцијата „Слуга на народот“ во украинскиот парламент, која е поврзана со Зеленски, вети дека некои од корумпираните функционери би можеле да бидат осудени на затвор уште оваа пролет. „Од 24 февруари, функционерите на сите нивоа постојано се предупредуваат преку официјални и неофицијални канали: фокусирајте се на војната, помогнете им на жртвите, скратете ја бирократијата и престанете да се занимавате со сомнителни бизниси. Многумина од нив навистина слушаа, но некои, за жал, не “, рече Арахамија во изјавата на Телеграм. „Ако не го направиме тоа на цивилизиран начин, ќе работиме според законите на воено време. Ова се однесува и на неодамнешните набавки на генератори и на новите скандали во Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…