Агелер: Знам дека не е лесно, но уставните измени треба да се донесат за земјата да оди напред
Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер денеска од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.
– Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, рече Агелер, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Македонија” што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC).
Амбасадорката нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека тие имаат гласачи и дека тие се одговорни кон нив, но смета дека „ова е во најдобар интерес на Македонија” и на тоа мисли кога ја спомнува „тешката одлука”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…