Во петок Алијанса одлучува дали ќе влезе во Влада!
Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари најавува дека во петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез во Владата.
На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието дека тоа значи поддршка на мнозинството и влез во Владата, Тараври одоговори тоа што некоја партија ќе обезбеди кворум за работа на Парламентот не значи и влез во Владата.
-Не, нема врска. Не е прв пат некогаш ние, а друг пат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди мнозиство за да функционира Собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше Буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се, рече Таравари на настан по повод одбележување на Денот на турскиот учител во Гостивар.
Тој дополни дека Алијанса за Албанците придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации, кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на Собранието му треба подршка, тоа ќе го прават.
Околу одлуката за формирање на преговарачки тим и дали официјално ќе започнат преговори за влез во Владата, лидерот на АА, рече дека запеток закажал состанок со централното претседателство на партијата.
– Таму ќе ги носиме финалните одлуки, бидејки знаете дека Централното собрание му одреди на Централното претседателство да ја донесе конечната одлука и евентуално ако има потреба да формира и преговарачки тим. За тоа ќе ве информираме навреме, подвлече Таравари.
Според информациите на Инфомакс влезот на Алијанса за Албанците во Владата е веќе договорен, дури договорени е и ресорите кои партијата ќе ги добие. Станува збор за Министерството за здравство кое моментално го води професорот Никола Тупанчески од СДСМ и Министерството за здравство кое моментално е раководено од Беким Сали, кадар на Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…
„Јас сум убеден дека ако останат со…
Русија и Кина формираат енергетска алијанса
Русија и Кина се во процес на…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…