Ванковска: Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо “европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!?
Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е, се разбира, облик на притисок врз нас да го смениме Уставот, а истовремено и повик до американските и европските “олеснувачи” да го зададат последниот удар, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска, која додава дека тука нема ништо европско и дека оние кои зборуваат за ЕУ, свесно или несвесно, зборуваат за бајки.
– Но, ова е и потврда на сето она што го говоревме и пишувавме за не баш пријателскиот Договор, кој доведе до никогаш полоши односи меѓу двете земји. Толку предвидливо! Намерата сега им е да не’ вратат во времето на грчката блокада и ембарго од 90-те.
Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо “европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!? Дури и личности кои ми се драги и кои ги ценам се повикуваат на тие божем европски вредности, а не сфаќаат дека зборуваат за бајки. За жал, овде отсуствува национална свест и изградени национални интереси. – напиша Ванковска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…