Какви преваранти: На повлечениот бугарски амбасадор му бил завршен мандатот во Скопје

t

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера спектакуларно објави дека го повлекува бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, во знак на протест за претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков и поради непочитување на правата на Бугарите во земјава.

А всушност, како што стојат работите, амбасадорот Ангелов секако требало да си оди од земјава затоа што веќе му биле изминати 4 години од неговиот мандат во Македонија.

Ангел Ангелов како новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Македонија ги предал копиите од акредитивните писма на 7 декември 2018 година што значи дека тој веќе петта година ја вршел функцијата бугарски амбасадор во Скопје, а мандатот на бугарските амбасадори во светот трае 4 години.

Ангелов во Скопје е заменет од вршител на должност кој има слични ингеренции како и именуван амбасадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните…

- На носителите на ЗНАМ, уште на…

СДСМ: На Денот на македонскиот јазик со…

Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни…

Притвор за кавадарчанец: Спречил полицајци да фатат…

Притвор е одреден за осомничен за спречување…

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција…

Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, истакна…