Каков циркузант: Димитров што потпиша се бара промена на Владата и надворешната политика на Македонија
Краток коментар за ДВ:
Уште кога го претставуваше пакетот, тогашниот премиер Петков јавно кажа дека не се работи за подигнување на ветото, туку за негово развлекување. Суштинскиот проблем на ова решение, е што не е решение.
Бугарија со амин на нашата влада, успеа своите желби да ги вгради во европскиот процес. Нешто што не беше прифатливо за речиси сите земји членки на Унијата додека ние водевме принципиелна политика.
Кога ја сменивме политиката ние самите ги аминувавме овие желби.
Притоа, тие желби се невозможни, бидејќи се темелат на антицивилизациската теза дека македонскиот идентитет и јазик се вештачки. Едноставно, за да одиме напред по патот, треба да ја задоволиме Бугарија. За да ја задоволиме Бугарија пак, треба да се согласиме на оваа идентитетска агресија врз нас самите.
Има излез од овој чвор, но за тоа ни треба сосема поинаква политика, што претпоставува и друга политичка гарнитура што ќе пристапи кон проблемот без да го злоупотребува за политички да преживее дома лажно претставувајќи се како проеверопска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!
СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…
САД ги предупредија своите државјани и туристи…
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…
Израел се соочува со нова сериозна политичка…
Нова трагедија во мак-фудбалот: почина Владимир Секуловски
Македонскиот фудбал повторно е во тага, денеска…
Ахмети: Предвремените парламентарни избори се најсоодветниот одговор…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека…