Трајановски: Наместо политиканство да бидеме конзистентни и да поддржиме поставување на мерна станица кај Цементарница Титан-Усје

t

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, побара од советниците од сите советнички групи да ја поддржат иницијативата на Левица за поставуање на мерна станица во Цементарницата Титан-Усје за мерење на квалитетот на воздухот.

– Јас повторно не можам да ја разберам оваа иницијатива на собирање политички поени преку евтино политиканство. Станува збор за поставување на мерна станица. Колегата Шутаров излезе и ни кажа како тоа требало да биде заложба на повеќе нивоа на власт кои заедно стратешки треба да изработиме план.

Колега Шутаров, мандатот до 2021, слоганот беше За почист воздух во Скопје. 4 години ниту една прочистителна станица, со чат пат интервентни мерки, бесплатен превоз, се обидувавме да дадеме до знаење на јавноста дека нешто пробуваме да направиме.

Од друга страна колешката Марија Андоновска ни објасни дека веќе постои иницијатива во општина Кисела Вода и обезбедени средства, колку што разбрав, за поставуање мерна станица. Јас не гледам некаков проблем зошто во Кисела Вода не би можеле да бидат обезбедени две мерни станици, една од Кисела Вода, една од Град Скопје.

На дискусијата на колегата Филип би кажал, ако мислиш дека борбата со загадувањето се води селективно, ако ја земеме хронологијата на изминатите неколку години ќе видиме дека немало никакво постапување, така што ова не е селективно, туку е иницијативно, па ќе видиме опнатаму дали ќе се постави мерна станица на пример кај ОХИС, или во Батинци и слично. Се согласувам дека треба да се обноват мерните станици и кај Железара, но не можеме екогаш да се обидуваме да фрлиме дамка на првото скалило во борбата која треба да ја преземем ние како советници како некој кој ја добил довербата на граѓаните.

Поставување на мерни станици треба да има, без разлика дали се работи за поволни или неповолни индустриски капацитети и бизнис лобија, здравјето на граѓаните е неприкосновено, мислам дека не треба да фрлиме сомнеж на ова.

Ако сакаме да полтизираме да ве потсетам дека пред пет точки не ја гласавте програмата за животна средина која предвидува субвенции и мерки за релаксирање на сообраќајот, субвенции за набавка на точаци, инвертер клими, чистење на оџаците низ Скопје.

Тотален нон-сенс и повторно ве повикувам сите колеги да бидеме конзистентни и иницијативата да ја прифатиме без резерва, истакна Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…