БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ – на овие патни правци има снег на коловозите, особено на овие планини и вечерва трупа без престан!
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има на Страцин, Попова Шапка, Маврово, Стража и Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, известуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според страната на „Skimacedonia“ снег во овие моменти врне на Попова Шапка, Пониква, Маврово, Нижо Поле на Пелистер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…
Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…
Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…
Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…
Mицкоски од Обединети Нации: Не можеме да…
Премиерот на Република Македонија од говорницата на…
Мамдани му одговори на Нетанјаху: Налогот за…
Конфликтот меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и…
Рама: Џо Бајден го изневери Хашим Тачи
Премиерот на Албанија – Еди Рама, изјави…