Пендаровски со честитка до српската заеднца во Македонија по повод празникот Свети Сава

t

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

„Почитувани сограѓани од српската заедница,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Македонија – Свети Сава и да ви посакам големиот празник да го поминете во хармонија, радост и среќа.

Празнувањето на духовникот Свети Сава е дополнителен мост за наше културно поврзување со соседна Република Србија, но и особено значаен дел од мозаикот на македонското мултикултурно и мултиетничко општество.

Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам на сите припадници на српската заедница во Република Македонија за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење и во градењето на демократска, просперитетна и заедничка татковина на сите.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава“ – истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорден број на депортации од Германија, Србите…

Во текот на 2024 година, од Германија…

Косовската полиција уапси тројца Срби, во возилото…

Полицијата во Грачаница приведе тројца млади српски…

Србите во Бугарија утре ќе протестираат во…

Српската заедница во Бугарија протестира во знак…

Србите во Косово протестираат и бараат ослободување…

Етничките Срби во Митровица, дел од четирите…

Срби се обидоа да влезат во општина…

Пред зградата на Општина Косовска Митровица, каде…