Ќе има ли амнестија за осудените за настаните од 27 април во Собранието?
Во понеделник во Собранието најавени се средби на адвокатскиот тим кој поднесе иницијатива за предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април со пратеничките групи.
Дел од пратениците тактизираат, првин да ја видат иницијативата за новиот Закон за амнестија за осудените од собраниските настани на 27 април, а потоа ќе го кажат и ставот.
Адвокатската канцеларија Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски во предлогот бараат сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените над десет години да се ослободат од 50% казна.
-Како адвокат кој практикува кривично право, не наоѓам никакво оправдување за стореното. Но истовремено сметам дека не постои поголема неправда од селективна правда. А цела Македонија е сведок дека со Законот за амнестија од 2018та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини па така Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат итн. додека обичните смртници пуштени низ вода веќе шестта година скапуваат на робија, објави адвкатот Митовски.
СДСМ не дава поддршка, од партијата велат, не смее да има амнестија за насилствата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата во Струга е забранета за пиење…
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата…
На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско…
Технички проблеми кај банкарските гиганти во САД:…
Клиенти на „Џеј Пи Морган Чејс“, „Банк…
Хрватска има нафта само за 75 дена:…
Во јули, Хрватска беше меѓу 13-те членки…
Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба…
Романија ќе побара од земјите-членки на Европската…