Објавено на:

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

t

Романија ќе побара од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) да продолжат да придонесуваат за зајакнување на нејзините одбранбени капацитети, а исто така ќе повика и на подобра координација меѓу НАТО и ЕУ, по серијата предупредувања за дронови и напади врз три брода во Црното Море изминатиот викенд, изјави денеска романскиот министер за надворешни работи, Дан Некулаеску.

Некулаеску рече дека ќе ги информира своите колеги за безбедносните инциденти во Романија, оценувајќи како неприфатлив фактот што во рок од 24 часа се случиле четири предупредувања за дронови и биле нападнати три брода.

Тој најави дека ќе побара од земјите-партнери да продолжат да придонесуваат за одбранбените капацитети на Романија, како и да се зајакне соработката и координацијата меѓу НАТО и Европската унија.

Романскиот министер исто така посочи дека ќе се разговара за забрзано воспоставување на безбедносен центар во Романија, потсетувајќи дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно најави финансирање од 50 милиони евра за Романија и Бугарија, со цел центарот што поскоро да стане оперативен.

Зборувајќи за преговорите за ставање крај на војната во Украина, Некулаеску го поздрави обновениот интерес на Соединетите Држави за посредување во мировниот процес, како и формирањето на европска група која ќе ги застапува интересите на европските нации.

Тој нагласи дека Романија – која дели граница од 640 километри со Украина – сака нејзините интереси, ставови и придонеси да бидат земени предвид за време на преговорите.

„Наш главен приоритет е праведен, траен и одржлив мир“, изјави Некулаеску.

Тој додаде дека, доколку за време на преговорите се отвори прашањето за идната европска безбедносна архитектура, појдовна точка мора да бидат интересите на ЕУ и НАТО, а не – како што нагласи тој – неразумните барања што ги изнесува Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба…

Романија ќе побара од земјите-членки на Европската…

Мали бебиња, голем потенцијал: МЗ и Гинекологија…

На Светскиот ден на предвреме родените деца,…

„Никој не ме повика, самиот спречив конфликти…

Поранешниот претседател на Србија Александар Вучиќ, ги…

Жена тешко повредена, сопругот ја претепал во…

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.О.(43)…

Семејството на Сара до СДСМ: Откажете го…

Форумот на жени на СДСМ ги повика…