Иницијатива до Уставен доста беше лапанажа: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка
Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби.
Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот случај е целосно занемарен посочува Ќатоски . За каква еднаквост пред законот може да стане збор кога во еден правен поредок едни (носителите на законодавна и извршна функција) имаат право на исплата на плата и по завршување на нивниот работен ангажман, а други (обичниот работник) такво право немаат.
Нееднаквоста на слободите и правата помеѓу граѓаните во нашата држава од различна општествена положба негативно влијае и на правната сигурност. Правниците сметаат дека на овој начин се прави дискриминација по општествениот статус .
Законот за работни односи предвидува исплата на плата за извршена работа, а именуваните функционери добиваат исплата на плата по завршување на работен однос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Прилеп: Три лица се мртви,…
Три лица се мртви, меѓу кои и…
Нови детали за заложничката драма во Прилеп!
Министерството за внатрешни работи се уште не…
Неофицијално, заложничка драма во Прилеп?
Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп поради заложничка…
Се судрија автомобил и автобус, повредени двајцата…
На 11.07.2025 во 05:50 часот во СВР…
Боинг се спогоди со Канаѓанец кој го…
Американската авиокомпанија Боинг постигна спогодба со Канаѓанец…