Бугарска полицајка “уловена” со половина килограм марихуана
25-годишна полицајка во Бугарија е уапсена во саботата попладне откако е пронајдена марихуана во нејзиниот приватен автомобил, објави Нова ТВ.
При спроведување на специјализирана полициска акција во близина на Разлог е запрен автомобил. Возачката при увидот се легитимирала со службена книшка на полицаец од главниот град.
Нејзините колеги не биле воодушевени од визит-картата и го провериле автомобилот, каде нашле пакет сува зелена трева. Нарко тестот на терен реагирал на марихуана, а тежината е речиси половина килограм.
Почна истрага, а известено е и обвинителството во Благоевград.
БНТ во неделата извести дека полицајката е од разлошкото село Бања. И уште поинтересно – нејзиниот татко бил долгогодишен вработен во Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…