Османи во Брисел на средби во НАТО и ЕУ
Министерот за надворешни работи на Македонија и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе има средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, како и со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.
Покрај презентацијата на програмата на ОБСЕ, на средбите во Европската Унија ќе бидат разменети мислења и за можностите за продлабочување на соработката со ОБСЕ, пред сѐ со Европската Комисија и институциите на ЕУ, со посебен фокус кон улогата и работата на теренските мисии на Организацијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа, соопшти МНР.
Во рамките на посетата на НАТО, Османи ќе учествува на посебна тематска сесија на Северно-атлантскиот совет (САС) на НАТО, на која ќе бидат разменети видувањата за актуелните безбедносни предизвици и улогата на ОБСЕ во одржувањето на стабилноста и безбедноста на Континентот.
Покрај Борел и Џоана, Османи ќе има средби и со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан – Мирослав Лајчак и со еврокомесарот за кризен менаџмен Јанез Ленарчиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…