Затворен германскиот конзулат во Инстанбул поради закана од напад
Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.
Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.
Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин побарал од Трамп протерување на Вселенската…
Познатиот теолог архимандрит Кирил (Говорун) на својот…
Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле…
Во мај трошоците за живот на четиричлено…
Втора рунда преговори меѓу Русија и Украина…
Втората рунда разговори меѓу Русија и Украина…
Втора рунда преговори меѓу Русија и Украина…
Втората рунда разговори меѓу Русија и Украина…
Над 1000 лица се уапсени синоќа во…
Турската полиција приведе вкупно 1.005 лица за…