На Роџер Вотерс бараат да му ги откажат концертите поради ставот кон Украина и Израел

t

Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, се соочува со почести повици да се откаже, наведувајќи го неговиот се поотворен антисемитизам, повиците до музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за рускиот претседател Владимир Путин.

Него го обвинуваат дека ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел.

Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. И ако тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија. Тој се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт.

Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт.

Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната.

Не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерти на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина. Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленска, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…