Врвот на Алтернатива вечерва на кафе муабет за Алијанса

t

Вечерва ќе се состане и најтесното раководство на владејачката Алтернатива, но не се очекува јавноста да ги дознае нивните предлози за евентуална рокада на министерства, откако вчера беше, речиси, официјализирано влегувањето на Алијанса за Албанците, кои инсистираат да го добијат ресорот Здравство.

Орхан Муртезани за Телма вели дека конечната одлука на партиските органи ќе се носи, откако повторно ќе се сретнат Гаши и Ковачевски и дефинитивно ќе се знае понудата за Алтернатива. Гаши покана за нова средба сè уште нема добиено, иако вчера беше најавена и од премиерот.

На таа средба ќе се бара компромис, дали ќе биде сменет само министерот Сали или Алтернатива ќе добие ново министерство.

Таравари по состанокот со Ковачевски призна дека се најзаинтересирани за Здравство, а се` поизвесно е дека Алијанса ќе ги добијат и министерствата за Правда и Екологија, но ќе има рокади и меѓу СДСМ и ДУИ.

Министрите за правда и за образование денеска изјавија дека за преговорите дознаваат од емдиумите и не се запознаени со деталите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…