Добри вести за Ѓоковиќ – ќе може да настапи на УС Опен

t

Освојувачот на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ќе може да игра и на УС опен, Американците ќе ја тргнат забраната за влез во земјата на невакцинирани лица.

Настапот на Ѓоковиќ на УС опен беше неизвесен поради актуелниот закон во САД кој им забранува на странците невакцинирани да престојуваат во земјата.

Американската влада потврди дека ако состојбата со коронавирусот не се влоши, забраната ќе биде укината на 11. мај. Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе може да игра на големиот турнир.

Сепак, Србинот нема да игра на мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами кои се одржуваат во март.

Ѓоковиќ на Австралија опен ја освои 22. грен-слем титула и се изедначи со Надал, па на Србинот му е важно секое учество на грен-слем турнир со цел да го надмине Шпанецот.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…