Фон дер Лајен од Украина: Русија ќе ја плати цената на војната
Високи функционери од Брисел денеска првпат во историјата на Евроблокот ќе разговараат со кандидат за членство во Европската унија на чија територија се води војна. Одлуката на Урсула фон дер Лејен и Шарл Мишел да дојдат во Киев со 15 еврокомесари на самитот ЕУ-Украина во време кога продолжува офанзивата на руските воени сили на истокот на оваа земја е храбар чин, но пред се е силна симболична порака, и до украинскиот народ и до Москва.
На заеднички брифинг пред самитот, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот Владимир Зеленски вчера најавија нови санкции против Москва.
„До 24 февруари, точно една година по почетокот на инвазијата, имаме за цел да го воведеме десеттиот пакет санкции. Русија веќе плаќа и ќе ја плати цената за војната во Украина“, рече Фон дер Лејен, велејќи дека сегашните санкции ѝ штетат на руската економија, наведувајќи ја проценката дека ограничувањето на цената на руската нафта ја чинело Москва „околу 160 милиони евра по ден“.
Таа објасни и дека ЕУ бара и истражува механизми Русија да плати за обновата на Украина преку замрзнати руски средства во земјите-членки на ЕУ.
Зеленски во оваа прилика рече дека инсистира на ново и побрзо спроведување на санкциите на ЕУ воведени кон Русија.
„Разговаравме за нови санкции против Русија, особено за десеттиот пакет санкции. Ова е заедничка европска задача – да се намали способноста на Русија да ги заобиколи санкциите – и колку побрзо и подобро се изврши оваа задача, толку поблиску ќе бидеме до поразот на Русија“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…