Калин Ивановски без загубен сет до полуфиналето во Монастир!

t

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, е на чекор вторпат во две недели да игра финале на турнир во Монастир во Тунис.

На тврдата подлога на т.н. „Меџик хотел тур“, Ивановски утрово го совлада Французинот Артур Букие со 6-2, 7-5 и се пласира меѓу најдобрите четворица. Станува збор за 22-годишен тенисер, кој е осми носител на овој турнир и го држи 668. место на АТП-листата, 134 позиции подолу од Ивановски.

Додека првиот сет помина во апсолутна доминација на Македонецот, вториот почна со брејк на Букие, кој за среќа остана единствен. Му донесе водство од 3-0, но Ивановски веднаш го врати, изедначи на 3-3, а потоа во 11. гејм уште еднаш го „скрши“ сервисот на противникот за конечна победа.

Ова е веќе трета на овој турнир без да загуби сет, па сега му следува полуфиналниот дуел, против подобриот од Тао Му, третиот носител од Кина и Федерико Јанаконе, шесторангираниот Италијанец.

Ивановски е прв носител на овој турнир, вреден 15.000 долари, минатата недела играше финале на ист ваков исто така во Монастир. Тогаш загуби со 1-2 во сетови од домашниот тенисер Моез Ешарги.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За автопатите, годинава се обезбедени 243 милиони…

Државниот буџет ќе има улога во финансирањето…

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…

Велешанецот кој е пријавен за измами со…

Калас: Америка ја принудува Украина да се…

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…