Калин Ивановски без загубен сет до полуфиналето во Монастир!
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, е на чекор вторпат во две недели да игра финале на турнир во Монастир во Тунис.
На тврдата подлога на т.н. „Меџик хотел тур“, Ивановски утрово го совлада Французинот Артур Букие со 6-2, 7-5 и се пласира меѓу најдобрите четворица. Станува збор за 22-годишен тенисер, кој е осми носител на овој турнир и го држи 668. место на АТП-листата, 134 позиции подолу од Ивановски.
Додека првиот сет помина во апсолутна доминација на Македонецот, вториот почна со брејк на Букие, кој за среќа остана единствен. Му донесе водство од 3-0, но Ивановски веднаш го врати, изедначи на 3-3, а потоа во 11. гејм уште еднаш го „скрши“ сервисот на противникот за конечна победа.
Ова е веќе трета на овој турнир без да загуби сет, па сега му следува полуфиналниот дуел, против подобриот од Тао Му, третиот носител од Кина и Федерико Јанаконе, шесторангираниот Италијанец.
Ивановски е прв носител на овој турнир, вреден 15.000 долари, минатата недела играше финале на ист ваков исто така во Монастир. Тогаш загуби со 1-2 во сетови од домашниот тенисер Моез Ешарги.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилникот повторно е лишен од слобода поради…
Насилникот повторно е лишен од слобода поради…
Ново намалување на цените на горивата од…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…
Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…
Мицкоски од Брисел: Македонија мора да има…
Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи…
Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид…
Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за…