ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА: 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите синови на Македонија!
Денес се одбележува 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, големиот македонски револуционер, визионер и идеолошки лидер.
Како син на Никола и Султана Делчеви, роден е на денешен ден, 4-ти февруари 1872 година во Кукуш. Основното образование го завршува во Кукуш по што заминува да учи во Солун каде науката и литературата ги усовршува во воената школа. Има активна улога во многу политички клубови во Солун и Софија. Сепак „Лозарите“ имаат најголем удел во формирањето на неговиот револуционерен профил. Годините помеѓу 1894 и 1903 се најплодни во неговиот краток револуционерен живот. Тогаш како учител во штипско Ново Село и Банско значително придонесува во подготовките за вооруженото востание.
Од историско значење е и средбата со Даме Груев во Штип во ноември 1894 година кога го договараат организирањето на мрежа низ цела Македонија за активирање на населението. Сепак тој и неговите следбеници предупредуваа на предвременото кревање на востанието, затоа што тврдеше дека сеуште не е дојдено вистинското време и не се направени потребните подготовки за кревање на востанието.
На пат за Конгресот во Сер, во 1903 година Делчев преноќил во селото Баница. Предаден и опколен, тој беше убиен на 4-ти мај. Неговата смрт значеше откажување за многу визии на овој револуционерен херој.
Македонскиот народ му оддава должна почит и се сеќава на еден од своите најголеми синови. Неговите идеи се нераскинлив дел од Македонската колективна свест и историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…